Европска агенција за лекови в четврток со заклучок за „АстраЗенека“
Eвропската агенција за лекови во четврток на вонреден состанок,откако неколку држави ја суспендираа употребата на вакцината против Ковид-19 на производителот „АстраЗенека“, поради смртни случаи. Се очекуваат и заклучоци по однос на безбедноста на вакцината...

Eвропската агенција за лекови во четврток на вонреден состанок,откако неколку држави ја суспендираа употребата на вакцината против Ковид-19 на производителот „АстраЗенека“, поради смртни случаи. Се очекуваат и заклучоци по однос на безбедноста на вакцината.
Во последните денови неколку земји меѓу кои и Италија, Франција, Германија, Данска одлучија да ја суспендираат употребата на британско-шведската вакцина против Ковид-19, откако се појавија сомнежи поврзани со згрутчување на крвта, засега недокажани, но и смртни случаи.
„Ако има сомнежи во врска со вакцината, 24 часа не изгледа долго време да се проценат прашањата што ги имаат сите, бидејќи и во Италија е истото. Мојата матична земја.“
„Тоа е принцип на претпазливост, а потоа треба да видиме што ќе се случи понатаму. Загрижен сум за мојата втора доза од АастраЗенека.“
Иако европската агенција за лекови истражува одреден број случаи, се тврди дека вакцината е безбедна и сепак носи повеќе бенефит отколку ризици.
И советодавниот одбор на СЗО планира денеска да разговара за вакцината.
