Османи во работна посета на Швајцарија и Шпанија

16.03.2021 09:45

Главен акцент во разговорите ќе бидат билатералните односи, економската соработка и европските перспективи...

Шефот на дипломатијата Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Швајцарската конфедерација и Кралството Шпанија. Во Берн ќе има средба со здруженија на граѓани и членови на нашата дијаспора од кои ќе побара поддршка за пописот. Османи ќе се сретне и со својот колега, сојузниот министер за надворешни работи на Швајцарија, Игнацио Касис.

Во Мадрид пак ќе има средба со шпанската министерката за надворешни работи и со претставници на повеќе државни институции.

Главен акцент во разговорите ќе бидат билатералните односи, економската соработка и европските перспективи на државата, информираат од МНР.