Владата ќе ја одржи својата редовна 54-та седница
На денешната седница, меѓу другото, ќе се разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, а на предлог на Министерството за финансии на дневен ред на седницата е и информацијата за унапредување на процесот на фискална децентрализација.
Владата денеска преку видеоконференциска врска ќе ја одржи својата редовна 54-та седница со повеќе точки на дневен ред, соопштија од владината прес- служба.
На денешната седница, меѓу другото, ќе се разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, а на предлог на Министерството за финансии на дневен ред на седницата е и информацијата за унапредување на процесот на фискална децентрализација.
На оваа седница Владата ќе расправа и ќе донесе мислење за годишната програма за работа на Агенцијата за остварување на правата на заедниците за 2021 година, со вклучен годишен финансиски план.
