Русија во офанзива со вакцината „Спутник V“
16.03.2021 10:04
Производителот соопшти дека биле склучени договори за производство со фирми во Германија, Франција, Шпанија и Италија.

Додека се зголемува бројот на земји кои го запираат вакцинирањето со „АстраЗенека“, Русија во офанзива со својата „Спутник V“. Производителот соопшти дека биле склучени договори за производство со фирми во Германија, Франција, Шпанија и Италија.
Засега нема официјална потврда од европските земји за договори за производство на руската вакцина. Министерството за економија во Париз соопшти дека не знае ништо за договори со француски фирми. Со слична изјавата и од шпанското министерство за здравство.
