Сеуште без конкретни информации за малезискиот боинг

19.03.2014 13:18

Дванаесетти ден без конкретни информации, што се случило со малезискиот боинг.Шпекулациите се погласни. Според последните, тајландски  студенти преку веб страницата Томнод, во малезиска џунгла забележале објект сличен на авион. Но, се уште не е потврдена веродостојноста на информациите.

Медиумите јавуваат дека  Кина испратила  девет брода во јужниот дел на Бенгалскиот залив, откако тајванските радари регистрирале објект за кој претпоставуваат дека е од авионот.

Неколкумина селани од источниот дел на Малезија  ја известиле полицијата дека забележале објект кој летал. Роднините се гневни бидејќи се уште  нема никаиква трага за судбината на патниците. 

„Дванаесети  ден никој не кажува што се случило со авионот, јас не сакам да се грижат за мене сакам да знам што се случило со мојот син“, вели родител на еден од исчезнатите патници во авионот.

Малезискиот боинг исчезна на 8- ми март со 239 патници и членови на екипажот.