Северна Кореја: САД да не создаваат проблеми

16.03.2021 12:14

Влијателната сестра на севернокорејскиот водач Ким Џонг-Ун со предупредување до САД да не „создаваат проблеми“...

Влијателната сестра на севернокорејскиот водач Ким Џонг-Ун со предупредување до САД да не „создаваат проблеми“, во момент кога претседателот Џо Бајден се подготвува да ја одреди американската политика кон Пјонгјанг.

Американската влада соопшти дека се обидува да воспостави дипломатски контакт со Северна Кореја. Официјален Пјонгјанг се уште не го признал легитимитетот на Бајден како нов американски претседател.