Украдените икони од струшко пронајдени во Албанија, сѐ уште не се вратени дома

16.03.2021 12:22

Станува збор за непроценливо културно историско богатство, кое земјава со години се обидува да го врати дома. Последните информации, кои македонското Министерство за култура ги добило од Албанија се дека иконите се чуваат на безбедно во два музеи во Тирана, но сѐ уште се чека одлука за нивната судбина.

И после седум години, украдените икони од струшко, пронајдени во Албанија сѐ уште не се вратени во земјава. 20 вредни икони и црковни артефакти украдени од црквите во селата Радожда, Буринец и Селце албанската полиција во 2014-та година ги пронајде во Тирана.

Станува збор за непроценливо културно историско богатство, кое земјава со години се обидува да го врати дома. Последните информации, кои македонското Министерство за култура ги добило од Албанија се дека иконите се чуваат на безбедно во два музеи во Тирана, но сѐ уште се чека одлука за нивната судбина.

Имаше и делегација од Албанија од министерсвото, ја посетија Струга, но до каде е процедурата немаме информација. За среќа последниве години нема кражби како што имаше тие години“, вели директорот на Музеј Незлобински.

Годинава имаше две кражби во цркви во струшко, но беа одземени само пари, бидејќи вредните икони после пустошењето на црквите од 2010 до 2013 година, се чуваат во безбедно депо.

„Овие тешки кражби извршени во цркви претставува вандалски чин каде сторителите со употреба на физичка сила насилно влегуваат во црковните храмови и одземаат мала сума на пари“, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Ниту високо издигнатите крстови, ниту светите икони и непристапните планински предели не ги спречија крадците да одземат над 1.000 икони и црковни артефакти од струшко и дебарско. Пронајдени беа само 20 и тие не се вратени дома, останатите се претпоставува дека завршија на црните пазари во Европа и Азија. Околу 600 од нив се со непроценлива вредност изработени од Дичо Зограф, еден од најпознатите уметници на Балканот.

Соња Рилковска