Охрид: Со брод за спасување ќе се зголеми безбедноста во пловидбата

16.03.2021 12:28

Невозможно е да се зборува за високоразвиен туристички ценатр доколку целосно не се гарантира безбедноста на туристите во секој поглед. Огромниот број на пловни објекти кои се присутни во водите на Охридското Езеро во текот на летото го зголемуваат ризикот од несреќи и други хаварии. Тоа беше причината здружението „ЕКО ФАП“ од Охрид да ја презентира идејата за реконструкција на брод кој веќе не е во комерцијална употреба и кој би се пренаменил во брод за трагање, спасување и давање помош при пожари на пловни објекти...

Големиот број на пловни објекти и се поактивната пловидба во водите на Охридското Езеро го зголемува ризикот од потонувања, пожари и други хаварии. Поради тоа експертите сметаат дека е неопходно да се активира пловило кое 24 часа ќе се грижи за безбедноста на вода. Тоа беше причината ЗДружението „ЕКО ФАП“ да излезе со идејата еден брод кој веќе не е во комерцијална употреба да биде преуреден во брод за трагање, спасување и давање на помош при пожари на пловни објекти, но и на непристапни места долж крајбрежјето. Идејата е бродот „Илинден“ да се ревитализира и пренамени бидеќи ги има сите неопходни карактеристики за справување со такви предизвици.

„Габаритите и неговите маритивни способности и пловни својства даваат прекрасни можности да биде преуреден за оваа намена, односно на себе да има една пумпа која што веќе ја имаме која ќе ги снабдува противпожарните единици со вода. Понатака не само тоа, бродот ќе има свој радар , светла за трагање и спасување во ноќни услови“, изјави Горан Устијаноски, капетан на Охридската капетанија.

Во здружението сеуште ги прават пресметките колку ќе чини реконструкцијата и очекуваат да добијат подршка од државата.

„Моментално го имаме најголемиот капитал, а тоа е човечкиот фактор. Во овој дел не зависиме од никаква условно речено интелектуална, ниту странска помош, ниту од други експерти од надвор од нашето здружение. Се она што е потребно како интелектуална сила, како мајсторска сила ние го имаме до нас, односно ние самите сме докажани во тој дел и ќе го истераме тоа на најсолиден начин“, вели Устијаноски.

Откако бродот ќе профункционира според планираното посадата ќе го опслужува волонтерски, а доколку надлежните проценат дека идејата е навистина добра и прогресивна ќе се бараат модалитети за постабилно финансирање.

 

Сашо Нелоски