Дете почина, жена тешко повредена во пожар во зграда во Гостивар
16.03.2021 12:39
Според очевидци и станари, пожарот се појавил изутрина пред 8 часот, по што се раширил чад. Непосредно по пријавата, пожарникари излегле на терен со две возила, и за половина час го локализирале огнот...

Осумгодишно дете почина, а 35-годишна жена во животозагрозувачка состојба е пренесена во гостиварската болница, по пожарот што избувна во станбена зграда. Смртта на детето била констатирана на ургентното одделение во болницата, која наверојатно настанала од задушување.
Според очевидци и станари, пожарот се појавил изутрина пред 8 часот, по што се раширил чад. Непосредно по пријавата, пожарникари излегле на терен со две возила, и за половина час го локализирале огнот.
Полицијата истражува што довело до трагичниот настан.
