Расте бројот на земји што ја суспендираат вакцината на „АстраЗенека“
Европската агенција за лекови во четврток на вонреден состанок откако неколку држави ја суспендираа употребата на вакцината „АстраЗенека“ поради смртни случаи. Ова покажува дека функционираат системите за заштита на јавното здравје, став на Светската здравствена организација. Денеска состанок на надзорниот одбор...
Шведска ѝ се придружува на групата земји што привремено ја суспендираа употребата на вакцината на „АстраЗенека“, наведувајќи дека одлуката е донесена како мерка на претпазливост. Во последните денови неколку земји меѓу кои и Италија, Франција, Германија, Данска одлучија да ја суспендираат употребата на британско-шведската вакцина против Ковид-19, откако се појавија сомнежи поврзани со згрутчување на крвта, засега недокажани, но и смртни случаи.
„Ако има сомнежи во врска со вакцината, 24 часа не изгледа долго време да се проценат прашањата што ги имаат сите, бидејќи и во Италија е истото. Мојата матична земја.“
„Тоа е принцип на претпазливост, а потоа треба да видиме што ќе се случи понатаму. Загрижен сум за мојата втора доза од АстраЗенека.“
Eвропската агенција за лекови во четврток ќе одржи вонреден состанок околу заклучоците за „АстраЗенека“. Иако агенцијата истражува одреден број случаи, се тврди дека вакцината е безбедна и сепак носи повеќе бенефит отколку ризици.
СЗО: Суспензијата покажува дека системот функционира
И советодавниот одбор на СЗО на средба за вакцината. Генералниот директор на организацијата, рече дека системите за заштита на јавното здравје работат за да ги испитаат можните несакани ефекти.
„Ова не мора да значи дека овие настани се поврзани со вакцинацијата против Ковид-19, но вообичаена практика е да се испитаат и тоа покажува дека системот за надзор работи и дека има ефективни контроли“, истакна Гебрејсус за време на онлајн-брифинг.
Русија: Офанзива со вакцината „Спутник V“
А Русија во офанзива со својата „Спутник V“. Производителот соопшти дека биле склучени договори за производство со фирми во Германија, Франција, Шпанија и Италија. Засега нема официјална потврда на ваквата информација. Министерството за економија во Париз соопшти дека не знае ништо за договори со француски фирми. Со слична изјавата и од шпанското министерство за здравство.
Франција: Откриен нов вид на коронавирус
Француското министерство за здравство соопшти дека бил откриен нов вид на коронавирус во регионот Бретања. Првичните анализи не покажале дека новиот вид е посериозен и попренослив од другите мутации.
Марина Ристова
