Зголемен бројот на ковид- пациенти во детската болница „Козле“
Расте бројот на деца, на преглед во болницата „Козле“. Зголемен е бројот на ковид пациенти, но и на оние со алергии. Новиот тријажен центар ќе почне да работи за неколку дена. Целта е и физички да бидат одделени оние со симптоми на коронавирус од другите деца...

Расте бројот на деца заразени со Ковид- 19, вели првиот човек на детската болница Козле, анализирајќи ги податоците од изминативе три месеци. Од вкупниот број на прегледани и хоспитализирани, една четвртина се позитивни, но не е мал бројот и на деца со постковид симптоми.
„Повеќе има деца од 7 до 12 години со симптоми кај горнореспираторни дишни патишта, сега сега имаме и деца со симптоми на ковид кај долните респиратни патишта. Доаѓаат деца и со пост ковид синдорм, како и со проблеми во гастро- интестиналниот тракт“, вели д-р Бесник Зеќири, директор на Детската болница „Козле“ – Скопје.
Освен зголемен број на ковид-пациенти, расте бројот и на деца со алергии, на кои им треба преглед и лекување. Тоа што во една установа се лекуваат двете категории пациенти не треба да ги плаши родителите, вели Зеќири.
„Во болницата имаме одредено црвена и зелена зона, и се обидуваме да воспоставиме ред и со персоналот и со родителите, односно во црвената и зелената зона прегледуваат различни тимови на доктори и помошен кадар“, вели д-р Зеќири.
За физички да бидат оделени оние кои доаѓаат на преглед со симптоми на корона вирус и останатите деца се прави нова амбуланта за преглед. Дијаностиката ќе трае шесетина минути.
За неколку дена во болницата Козле ќе почне да функционира тријажниот центар. Секој час ќе бидат прегледувани по пет деца кои што имаат симптоми на Ковид -19. Децата кои ќе имаат потреба од болнички третман веднаш ќе бидат хоспитализиранио во болницата.
Деца од цела Македонија тука можат да дојдат на преглед кој ќе се одвива во две смени. Но, не е исклучена можноста ако има кадар да работи и 24 часа.
Болницата „Колзе“ една година е ковид центар. Од Нова година, само за деца.
Наташа Јанчиќ-Менковски
