МВР ги финализира подготовките во пресрет на изборите

19.03.2014 13:46

На работен состанок денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и раководството на Одделот за обезбедување при МВР, ги финализираа подготовките во пресрет на кампањата за претстојните претседателски избори, која официјално започнува на 24 март...

Секој од претседателските кандидати има право на обезбедување за време на кампањата за престојните претседателски избори. Еден од нив веќе поднел барање, другите се интересирале за процедурата. Министерството за внатрешни работи под будно око ќе ги следи сите предизборни активности на кандидатите.

На работен состанок денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и раководството на Одделот за обезбедување при МВР, ги финализираа подготовките во пресрет на кампањата за претстојните претседателски избори, која официјално започнува на 24 март.

„Во рамките на вообичаеното редовно работење ќе може да одговориме на сите задачи кои стојат пред нас во кампањата за претседателските избори. Потоа, согласно роковникот објавен од ДИК во моментот кога ќе почнат парламентарните избори, ќе се прилагодиме на новонастанатата ситуација. Организацијата е поставена и задачите почнуваат да се извршуваат во понеделник. Ќе обезбедиме 24 часовна покриеност се со цел да излеземе во пресрет на сите учесници во изборниот процес и пред се на граѓаните на Република Македонија“, изјави Јанкулоска.

Таа информира дека актуелниот претседател на државата Ѓорге Иванов се обратил до МВР, а согласно прописите веќе има обезбедување кое доаѓа од функцијата која во моментот ја извршува, а преостанатите кандидатите телефонски побарале информација за начинот и формата за доставување барање за обезбедување.