Србија од вечер до понеделник се затвара, донесени строги епидемиолошки мерки
Србија ги заострува мерките против Ковид-19. Од утре до понеделник ќе работат само продавниците, аптеките и бензиските...

По повеќедневни апели на медиционскиот дел на Кризниот штаб за заострување на мерките поради влошената состобја со коронавурусот, која со денови изнесува во просек по 4.500 новозаболени, денес владата одлучи - од вечерва во 20 часот до понеделник- Србија да се затвори.
„Од вечер до понеделник сѐ ќе биде затворено. Нема да воведеме полицијски час, нема да има забрана на движење, ќе работат прехранбените продавници, аптеките, бензинските пумпи, сѐ она што е потребно за нормален живот, мора дополнително да го успориме животот, за броевите на новозаразените да стагнираат“, изјави премиерката Ана Брнабиќ.
Сите угостителски објекти, трговските центри, сите продавници- освен прехранбените продавници, кината, музеите, фризерските салони, коцкарниците, теретаните се затвораат. Со работа ќе продолжат да работат државните институции, банките и поштите.
Кризниот штаб побара строгите мерки да бидат најмалку 14 дена, а според Брнабиќ постигнато е компромисно решение, со што е направен баланс помеѓу заштитата на здравствениот систем кој е пред колапс, работните места и менталното здравје на нацијата.
Таа додаде дека ќе се работи на понатамошно зголемување на капацитетот за тестирање, вклучително и тестирање на граничните премини и упати апел за забрзување на вакцинирањето, во што Србија е прва во Европа според бројот на ревакцинирани лица.
До денес вакцинирани се 2.040.313 лица, а ревакцинирани 791.269 граѓани, а Србија ќе продолжи со вакцинирањето и со „АстраЗенека“.
Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ
