Ковид-19

Расте бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во битолската болница

16.03.2021 14:12

Третиот бран на Ковид-19 во Битола донесе и прво поголемо заболување во институциите. Во основното училиште „Коле Канински“ заразени се 13 вработени. Зголемен е и бројот на тестирања во ковид пунктовите, а бројот на хоспитализирани три пати поголем. Спуштена и старосната граница на заразени со вирусот...

Битолското основно училиште „Коле Канински“ засега најсилно го почувствува третиот ковид бран. Според направениот еппидемиолошки увид на Центарот за јавно здравје, инфициани се 13 лица.

158-те новозаболени за една недела и 160-те дневни тестови, што ПЦР, што брзи тестови- навестуваат дека Битола ќе ја менува досегашната слика.

Оценката на повозрасните граѓани е дека многу мал е бројот на оние кои ја научиле едногодишната лекцијата за почитување на протоколите. Бараат построги мерки, но мислат и на економијата.

Негативните рефлекции најдобро се потврдуваат во ковид- центарот каде за кратко време бројката на хоспитализирани е за три пати зголемена и се со потешка клиничка слика.

Директорката на Клиничката болница, Гагачевска напоменува- ако минатиот бан пациентите доцнеа со доаѓањето на преглед, сега иаме состојба од појавата на симптомите да се развие потешка клиничка слика.

Стевче Митревски