Прилеп: Кризниот штаб бара полициски час од 19 часот
Кризниот штаб од Прилеп ситуацијата со пандемијата ја оценува како крајно загрижувачка и алармантна. Бара заострување на мерките, полициски час од 19 и многу посовесно однесување на граѓаните. Се засилуваат полициските и инспекциски контроли...

Заострување на мерките, полициски час уште од 19 часот, на територијата на државата, од утре скратен и редуциран јавен превоз и голема совесност и одговорност на граѓаните, бара прилепскиот кризен штаб. Градот цел месец е втор со новозаразени. Ситуацијата е аларманта. Граѓаните се неодговорни, се групираат, а голем број ги кријат контактите.
Дури 804 се активни случаи. Хопитализирани се 89 лица, од кои 77 се со кислородна поддршка. Само за едно деноноќие за преглед на Инфективното се јавиле 105 пациенти, а починале 5 лица. Болницата ќе отвори петти ковид оддел, а за една недела во функција да биде модуларната со 35 легла.
Процентот на смртноста пропорционален е на зголемениот број новозаразени. Епидемиолошката слика е тешка, целосно доминира британскиот сој. За 25 насто пораснал бројот на новозаразени. Бројките ќе растат.
Градот бара заострени мерки, крајна одговорност на граѓаните, а најави и силни полициски и инспекциски контроли.
Елизабета Митреска
