Анандамид- тајната молекула задолжена за блаженството што го создава нашиот мозок

16.03.2021 16:45

Анандамид е природен антидепресив што го созадава нашиот мозок. Тоа е психоактивна супстанца која што создава чувство на мир и блаженство.

Зголемувањето на нивото на анандамидот во мозокот може повеќе да помогне кај одредени психолошки состојби како тескоба и депресија, па дури и некои болести, отколку таблети за смирување.

Како е откриена оваа тајна молекула задолжена за мир и радост?

Анадамидот е откриен при користењето на психоактивната супстанца ТХЦ од канабисот. Во 80-тите години од минатиот век научниците откриле дека ТХЦ совршено се врзува за рецепторите во мозокот и во нервниот систем. На таа основа заклучиле дека постојат одредени ендогени состојки во нашето тело кои функционираат по принцип на клучи брава. Интензивните истражувања ја откриле супстанцата невротрансмитер и го именувале анадамид.(„Ananda“ според стариот јазик снаскрт значи блаженство или божествена радост).

Оваа супстанца многу придонесува за хомеостаза, односно за совршен баланс меѓу телото и умот, всушност делува како природен канабис.

Среќните луѓе имаат повеќе анандамид

Научниците проучувајќи ја скалата на среќни народи откриле нешто интересно. Станува збор за генетска мутација која ги става во предност. Откриле дека тие луѓе имаат кусок на ензимот за хидролиза на масните киселини задолжен за разградување на анадамидот. Поради тоа супстанцата на блаженство е позастапена во нивниот организам, па затоа се посреќни. Научниците докажале дека намаленото ниво на анандамид води кон страв и анксиозност, кои што го зголемуваат ризикот од депресија.

Недостатокот на оваа молекула носи и поголем ризик од мултиплекс склероза, алцхајмерова и паркинсонова болест.

Но амандамидот не е задолжен само за среќа, туку и за подобро памтење, мотивација и контрола на движењето, поради што тој се синтетизира во делот на мозокот кој е задолжен за овие дејства. Освен тоа важна улога има за апетитот и плодноста, а се покажало дека ги спречува ширењето на канцерогените клетки. Но, како и другите невротрансмитери тој е нежен, па лесно и брзо се разградува. затоа и не може секогаш да се биде во блаженство.

Како да се подигне нивото на анандамидот?

Еве што препорачуваат стручњаците за зголемување на нивото на амандаминот во мозокот:

1.Трчањето, вежбањето и танцувањето го зголемуваат ендорфинот кој придонесува за чувството на задоволство. Научниците откриле дека некој што трча или вежба повеќе од 30 минути дневно го зголемува нивото на анандамин. Професорот научник за неврологија Грег Гердеман, шеф на научно истражувачка лабораторија во Флорида -САД, вели дека чувството на задоволство и воопшто доброто расположение многу тесно е поврзано со нивото на молекулата на блаженството.

2. Темното чоколадо предизвикува подобрување на расположението поради состојките во какаото кои ги инхибираат ензимите што го разградуваат анандамидот. Темното чоколадо содржи и теиобромин кој го поттикнува отпуштањето на анандаминот во мозокот, како и финилеталамин кој пак е наречен молекул на љубовта, зашто го потенцира тоа чувство на заљубеност кај луѓето. Но иако екорисно не треба да се претерува со конзумирање на темно чоколадо. Подобро е да се користи сирово какао кое е носител на овие состојќи, а при тоа нема шеќер, кој пак исто така созадава одредена зависност.

3. Треба да се јаде храната која содржи кемферол, вид флавоноид, што го има во овошјето и зеленчукот какодомати, грозје, јаболка, кромид, кељ и брокула. Кемферолот има моќни антиканцерогени својства. Исто така финкционира на принципот на спречување на ензимите кои го разградуваат аманамидот.

ЦБД маслото или канабидиол се почесто се применува кај различни заболувања,како артритис, главоболки, рак, депресија и мултипла склероза, а ги ублажува и негативните ефекти по хемотерапијата. Ова масло иако е од канабис или марихуана, нема психоактивни својства и не делува како зашеметувачка дрога. Канабидиолот значително ги инхибира ензимите што го разградуваат анандамидот.

Едно истражување покажало дека кај луѓето што страдаат од социјална анксиозност, при јавен настап, ја намалува нелагодноста и тремата.

Освен овие конкретни работи, нивото на амандамидот го зголемуваат и разменувањето нежност со партнерот, гушкањето со блиските и пријателите, медитацијата, јогата и слушањето релаксирачка музика

Соња Стојановска