Комисијата за заразни болести одлучува за можни нови рестриктивни мерки

17.03.2021 09:53

Комисијата за заразни болести анализира, здравствените власти се очекува во 11 часот да соопштат нови препораки со оглед на влошената епидемиолошка состојба и зголемениот број на заразени...

Дали ќе има заострување на мерките за заштита од Ковид-19? Комисијата за заразни болести анализира, здравствените власти се очекува во 11 часот да соопштат нови препораки со оглед на влошената епидемиолошка состојба и зголемениот број на заразени.

Се полнат болниците во земјава. И општинските власти бараат порестриктивни мерки и подолг полициски час. Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје покажува дека за една недела за 22,2 насто е зголемен бројот на позитивни случаи. Во истиот период починале 129 луѓе , што е за 2,3 пати повеќе во однос на минатите седум дена.

Во последното деноноќие 999 нови случаи на Ковид-19 од направени 3.627 тестирања. Најмногу новозразени во Скопје- 539. Во болнички услови починале 24 лица на возраст од 46 до 80 години. Има 543 оздравени пациенти.

Бројот на инфицирани со коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјава достигна речиси 114 илјади. Активни случаи во целата земја има 11.900.