Шест земји-членки на ЕУ бараат корективен механизам за распределбата на вакцините
Премиерите на Австрија, Чешка, Словенија и Бугарија одржаа состанок во Виена, а преку видеоврска дискусиите се водеа и со претседателите на владите на Хрватска и Летонија.

Шест земји во ЕУ бараат од Брисел да усвои т.н. „корективен механизам“ за нееднаквата распределба на вакцините против ковид-19. Премиерите на Австрија, Чешка, Словенија и Бугарија одржаа состанок во Виена, а преку видеоврска дискусиите се водеа и со претседателите на владите на Хрватска и Летонија.
„За нас ова е проблем бидејќи води кон тензии во блокот кои нема да бидат разбрани од Европејците бидејќи луѓето во Европа очекуваат еднаков пристап до вакцините“, изјави Себастијан Курц, канцелар на Австрија.
Корекции ќе се прават и во извештајот на СЗО за потеклото на вирусот кој требаше да биде објавен денеска. Заклучоците од истрагата во Вухан веројатно ќе бидат претставени идната недела. Во овој кинески град беше регистриран првиот случај на заразен во 2019 година.
