Субвенции за пчеларство
Од оваа година пчеларите кои имаат најмалку 10 пчелни семејства ќе имаа право да аплицираат за државна финансиска помош. Министерството за земјоделство, за да им помогне, по барање на одгледувачите на пчели, го намали овој услов за добивање субвенции кој досега изнесуваше минимум 35 кошници.

Наместо 35 како досега, пчеларите кои одгледуваат најмалку 10 пчелни семејства ќе можат да аплицираат за добивање на субвенции. Намалувањето на бројот на кошниците е по барање на производителите и во интерес на развојот на овој мал бизнис во земјава.
Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по пчелно семејство или 800 за оние земјоделски стопанства кои имаат најмалку 50, а најмногу 100 кошници. Задолжително оддржување на овој број треба да биде до 31 октомври 2021 година.
За одгледување на пчелни матици, се предвидени 1.000 денари по пчелно семејство.
Утврдувањето на бројната состојба се врши врз основа на податоци од Регистарот на домашни животни на денот на поднесување на барањето за субвенции.
Доколку барателот има неплатени обврски кон Министерството за земјоделство може да се изврши пребивање. Односно, со претходна изјава на барателот заверена на нотар дека се согласува заостанатите долгови да се компензираат со одобрената финансиска поддршка.
Методија Трајков
