САД
Осуммина мртви во три вооружени напади во салони за масажа во Атланта
17.03.2021 11:04
Осомничениот 21-годишен Роберт Арон Лонд е уапсен...

Осуммина загинаа во три вооружени напади во салони за масажа во Атланта, Џорџија. Непознато е дали постои поврзаност меѓу инцидентите во кои повеќето жртви се жени со азиско потекло. Осомничен е 21-годишниот Роберт Арон Лонг којшто е уапсен 240 км јужно од Атланта.
Според полицијата, голема е веројатноста тој да учествувал во трите напади извршени од засега непознат мотив. Во последните месеци е зголемен бројот на насилства кон азиската заедница, пред сè поради тврдењата дека коронавирусот потекнувал од Кина.
