Разрешен директорот на струшката болница
Министерот за здравство Филипче на денешната прес- конференција соопшти дека го разрешил директорот на струшката болница, Мухамед Хасани...

Министерот за здравство Филипче на денешната прес- конференција соопшти дека го разрешил директорот на струшката болница, Мухамед Хасани.
„За случајот со родилката во Дебар, вчера донесов одлука за формирање на нова Комисија, тоа е законска можност. Првата комисија беше формирана од МЗ преку Лекарската комора, но со оглед на неколку интервенции прво од семејството на родилката, но и од неколку институции, новата комисија ќе ја водат директорите на КАРИЛ, Урологија, Гинекологија и ќе треба да направат анализа на случајот. Донесена е одлука да се разреши директорот на струшката болница и нов ќе се назначи во текот на денешниот или утрешниот ден“, изјави министерот Филипче.
Комисијата треба да даде оценка за лекувањето на родилката од Дебар, на која ѝ биле извадени три органи по породување со царски рез во струшката болница, од страна на гинекологот и директор, Мухамед Хасани, кој работел и во дива амбуланта, прекршувајќи ги правилата.
