По 15 години пронајдена слика на Рембрант

19.03.2014 14:02

Сликата „Дете со меур“ на Рембрант ,која била украдена во 1999 година од еден од француските музеи, е пронајдена  вчера откако две лица се обиделе да ја препродадат, пренесува  парискиот весник „Либерасион“.

Полицијата уапсила две лица кои сакале да го продадат делото, кое 15 години се води за исчезнато. Делата на холандскиот сликар Рембрант се најпопуларни меѓу крадците. Се проценува дека се украдени 337 слики кои му се препишуваат на Рембрант и на неговите ученици и следбеници.

Најпознатата кражба се случиа во 1990 година кога од музејот во Бостон е украдено делото на Рембрант „Бура на Галилејското езеро“. Американските власти понудија награда од три милиони евра за нејзино пронаоѓање.

Рембрант Херменсон ван Рајн (1606-1669) е меѓу најзначајните холандски сликари на барокната уметност. Неговите  придонеси  во уметноста се случиле за време на Холандското Златно доба во 17 век, кога Холанѓаните го достигнале зенитот на нивната моќ низ светот, политичкото влијание, наука, трговија и култура. Негови најпознати дела се „Ноќна стража“, „Еврејска невеста“, „Жена фатена во прељуба“, „Симнување од крст“ и други.

Моника Јовановска