ФРАНЦИЈА

Саркози на ново судење поради прекумерно трошење пари во кампањата

17.03.2021 12:30

Поранешниот претседател претходно беше осуден во аферата „Прислушување“...

Две недели откако беше осуден во аферата „Прислушување“, поранешниот претседател на Франција Никола Саркози се враќа во обвинителната клупа поради прекумерно трошење пари за време на претседателската кампања во 2012 година.

Тој поднесе жалба до Судот во Париз кој го осуди за корупција на една година затвор и уште две на условна казна. Во последниот случај Саркози се соочува со слична затворска и парична казна.