Ќе се воспостави бродска линија Струга- Поградец- Охрид
Овој стратешки проект за развој на туризмот ќе се реализира преку Министертвото за локална самоуправа и ИПА програмата за прекугранична соработка, најави министерот...

Ќе се реконструираат пристаништата во Струга и Поградец и ќе се воспостави нова бродска линија помеѓу трите градови на брегот на Охридското Езеро. Предвидена е набавка и на два соларни еко бродови, кои ќе служат за крстарење, но нема да го загадуваат езерото.
Овој стратешки проект за развој на туризмот ќе се реализира преку Министертвото за локална самоуправа и ИПА програмата за прекугранична соработка, најави министерот.
„Мислам тоа ќе биде многу добра понуда, вие да бидете тука па да одите на вечера во Поградец па да се вратите на прошетка во Охрид тоа ќе биде навистина нешто што ќе има бенефит за секој турист. Ако ја зголемите туристичката понуда ќе привлечете повеќе туристи“, вели Горан Милески, министер за локална самоуправа.
Поврувањето на Струга, Охрид и Поградец ќе биде нова димензија во туристичката приказна на Охридското Езеро, но и остварување на долгогодишниот сон на туристичките работници. Веќе една година се работи на овој проект, договорена е прекугранична царина и полиција.
„Заедно работиме со албанската страна партнерски. Струга пристаништето се знае каде е и по детален план тоа е решено како прашање, останува набавката на двата бродови кои ќе крстатрат по оваа линија, може да одат и до Свети Наум цела линија“, додава Милески.
Во минатото со брод биле поврзани трите градови. По половина век пауза, во 2014-та година беше возобновена бродска линија меѓу Охрид и Поградец, која поради слабиот интерес на комерцијалните бродови згасна во 2017-та година. Проектот за повторно езерско поврзување на трите градови се очекува да се реализира до следната туристичка сезона.
Соња Рилковска
