Земји- членки на ЕУ бараат корективен механизам за распределбата на вакцините
Австрија, Чешка, Словенија, Бугарија, Хрватска и Летонија се незадоволни што Брисел испорачува повеќе дози за одредени земји иако ветил дистрибуција на дози пер капита. Скандалите со компанијата „АстраЗенека“ дополнително го попречија процесот на имунизација.

Шест земји челнки бараат ЕУ да усвои т.н. „корективен механизам“ за нееднаквата распределба на вакцините против Ковид-19. Австрија, Чешка, Словенија, Бугарија, Хрватска и Летонија се незадоволни што Брисел испорачува повеќе дози за одредени земји иако ветил дистрибуција на дози пер капита. Скандалите со компанијата „АстраЗенека“ дополнително го попречија процесот на имунизација.
„За нас ова е проблем бидејќи води кон тензии во блокот кои нема да бидат разбрани од Европејците бидејќи луѓето во Европа очекуваат еднаков пристап до вакцините“, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Брисел предлага воведување на вакцинална потврда за Ковид-19 со која ќе се овозможи слободно патување во земјите во Европската унија.Како причина за дигиталниот документ го наведуваат заживување на туризмот кој со 10 насто учествува во европскиот БДП. Според Еуростат, во 2020 година бројот на ноќевања во ЕУ се намалиле за 52% во споредба со 2019 година.
„Документот ќе ја опишува медицинската состојба на поединецот кој ја поседува оваа потврда. Познато е дека има три димензии кои мора да ги земеме предвид во однос на тоа дали лицето било вакцинирано, направило ПЦР тест или стекнало имунитет со успешно лекување од ковид“, изјави Ерик Мамер, портпарол на ЕК.
Корекции ќе се прават и во извештајот на СЗО за потеклото на вирусот кој требаше да биде објавен денеска. Заклучоците од истрагата во Вухан веројатно ќе бидат претставени идната недела. Во овој кинески град беше регистриран првиот случај на заразен во 2019 година.
Маја С. Филдишев
