Ковид-19

Расте бројот на заразени во тетовско, мерките не се почитуваат

17.03.2021 13:55

Расте бројот на заразени и хоспитализирани од Ковид- 19 во тетовско. Здравствените работници бараат воведување на поригорозни мерки и одлуки за спречување на брзото ширење на заразатата, а во меѓувреме не се почитуваа постојните закони. На големо во регионот се организираат свадби и други церемони со стотина гости...

Само во текот на вчерашниот ден во тетовската болница се извршени 100 амбулантски прегледи на пациенти со симптоми на Ковид-19. Бројка која говори дека нѐ очекуваат недели со брза трансмисија на болест, вели д-р Гзим Нуредини. Смета дека треба да се воведат и поригорозни мерки.

Во меѓувреме, боличките капацитети се намалуваат. Слободни кревети во ковид- центарот и инфективното одделение има сѐ помалку.

И денеска од тетовската болница со ветување дека наскоро модуларната ќе им биде на располагање на ковид пациентите, откако објектот ќе добие вода и струја.

И додека рапидно расте бројот на заразени, како и притискот врз болницата, граѓаните и натаму не ги почитуваат препораките и ги кршат законите.

Свадби и разни церемонии се организираат во центарот на Тетово со стотици гости. За само две недели на тетовското подрачје, пазарниот инспекторат има изречено 40 решенија со прекршочни платни налози поради непочитување на Заканот за заштита од заразни болести, а затворени се шест угостителски објекти.

 

Зоран Димовски