Ковид-19

Се соочуваме со третиот бран, засега нема заострување на рестриктивните мерки

17.03.2021 14:26

Нема заострување на рестриктивните мерки. Полицискиот час останува од 22 до 5 часто наутро. Здравствените власти очекуваат да дадат резултат. Прележувањето на инфекцијата не е гаранција дека лицето повторно не може да биде заразено со некоја од мутациите на вирусот, вели претседателот на Комисијата за заразни болести, Караџовски. Во екот на третиот бран бројката новозаразени зголемена за 5.000. Во болниците има над 1.000 хоспитализирани. Притисокот во Скопје најголем, изјави министерот Филипче...

Со соочуваме со пикот на третиот бран на пандемијата. За само еден месец бројката на новозаболени се зголемила за 5.000. Има и такви кои иако го прележале Ковид-19 повторно се заразиле, што според претседателот на Комисијата за заразани болести Караџоски веројатно се должи на мутациите на вирусот. За сега нема да има промени во однос на полицискиот час, но не се исклучува можноста за воведување построги рестрикции доколку викендов енормно се зголеми бројката на новозаразени.

Ресорниот министер посочи дека се зголемил притисокот на болниците, но дека засега има доволно капацитети за прием. Најави дека процесот на имунизација на населението би можело да почне првата недела од април месец бидејќи се очекуваат првите 100 илјади вакцини од Ковакс системот на крај на март. Во однос на безбедноста на вакцината „АстраЗенека“ министерот тврди дека ќе се следат сите препораки Европската агенција, но и дополнително на нашиот комитет.

На изнесеното на прес- конференцијата на Филипче реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, според која тоа значело дека граѓаните ќе почекаат за вакцини.

 

Фиљана Кока