Исплата на штети од елементарни непогоди по изборите

19.03.2014 14:08

Паричен надомест ќе земат општините Берово, Битола, Охрид, Прилеп, Радовиш, Свети Николе и Штип зафатени со елементарните непогоди во изминатите четири години кои доставиле извештаи со целосна документација...

1,2 милиони евра ќе добијат 19 општини  за претрпената штета од елементарни непогоди во периодот од 2010 до 2013 година. Паричен надомест  ќе земат општините Берово, Битола, Охрид, Прилеп, Радовиш, Свети Николе и Штип зафатени со елементарните непогоди во изминатите четири години  кои доставиле извештаи со целосна документација. Оваа одлука Владата ја донела пред околу месец и половина. Надоместот ќе биде исплатен по изборите.

„По завршување на изборите средствата ќе бидат исплатени до сите субјекти кои претрпеле штети од овие 19 елементарни  непогоди од Одлуката, а согласно извештаите добиени од општинските комисии за проценка на штета“, изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев.

Изминатите четири години повеќе градови и села беа погодени од природни непогоди.

Општинските комисии имаат поднесено нови барања кои во моментов се разглчедуваат од државната комисија за проценка на штети.

 

Дијана Ценевска