Караџовски: Протокол за попис има, одлуката дали ќе се одржи е политичка
Комисијата за заразни болести ги изготви протоколите, дали ќе се одржи или ќе се одложи пописот е политичка одлука, вели Караџовски. Партиите продолжуваат со истата реторика. Државата гарантира за безбедноста на спроведувањето на статистичката операција, велат од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за одложување...

Протокол за попис има, одлуката дали статистичката операција ќе се одржи во предвидениот период е политичка, изјави првиот човек на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски.
На потег, политичките чинители. Од СДСМ велат дека се одговорна партија, уверуваат дека пописот ќе биде безбеден за граѓаните. Опозициската ВМРО- ДПМНЕ останува на ставот за одложување на пописот, за што поднесе и предлог- закон.
Од Агенцијата за остварување на правата на заедниците ги охрабруваат помалубројните заедници да учествуваат во статистичката операција за да можат да ги остварат своите права, врз основа на реално добиени податоци.
Пописот во земјава ќе се спроведе од први до 21-ви април оваа година.
Ана Јосифоска- Тодоровска
