Заев: Надлежните институции да ја проверат набавката на софтверот
Надлежните институции да ја проверат набавката на софтверот од страна на секретарот на владата. Проверив – има мултифункционална примена, изјави премиерот заев. Опозицијата со обвинувања за одморот на Рашковски и Николовски во Мексико и Дубаи...

За набавката на софтверот од страна на секретарот во владата, Рашковски нека проверат сите институции од Обвинителството, МВР до антикорупциска дали има прекршување на законот- рече премиерот Зоран Заев. Лично проверив- од предвидени 8, потрошени се 5 милиони денари за набавката, а софтверот има мултифунционална примена- нагласува Заев.
И опозицијата се занимава со Рашковски, но и со вицепремиерот Николовски, кои отпатувале на одмор во Мексико и Дубаи. Само одморот на Рашковски чини колку 200 ваучери за туризам или 200 одмори на просечниот Македонец- пресметала опозицијата. Христијан Мицкоски коментира: половина милион граѓани живеат со две евра на ден.
„Имаме жестока здравствена криза и полициски час. Секој ден е нова борба со животот. Што направија луѓето од власта? Заминаа на одмор во Мексико и Дубаи. Трошат по еден стан за еден одмор“, вели Мицкоски.
Најголемите реакции за двајцата во јавноста се за тоа што отпатувале во време на пандемија. Ќе се спасат од 14-дневен карантин по враќањето, кој е задолжителен само за оние кои се враќаат од Африканските земји.
Миле Ристески
