Почна да се откупува вишокот тутун

17.03.2021 15:05

Од денска на 14 пунктови во Долненско, Крушево, Прилеп, Радовишко почна да се откупува вишокот тутун, проценет на 1.500 тони за што до крајот на месецов се продолжи рокот на откупната кампања. Најмногу ќе купи Прилепскиот тутунски комбинат...

Од денска на 14 пунктови во Долненско, Крушево, Прилеп, Радовишко почна да се откупува вишокот тутун, проценет на 1.500 тони за што до крајот на месецов се продолжи рокот на откупната кампања. Најмногу ќе купи Прилепскиот тутунски комбинат. Министерот за земјоделство Хоџа, во посета на Комбинатот за официјалниот старт на преземањето на вишокот. Уверува дека сите количества ќе се преземат. Има амбалажа, министерството секојдневно ќе ги следи состојбите.

Тутун купуваат три фирми, а до понеделник и други на повеќе пунктови. И новите здруженија бараат што побрзо тутунарите да добијат амбалажа, но и да бидат информирани.

Во тек е потпишувањето договори за новата реколта. Министерот Хоџа апелира да се произведе колку што е во договорот за да има пласман, а да нема проблеми како во овој откуп. Ќе се разговара за измени во Првилникот и за нови цени.

 

Елизабета Митреска