Нови ветерници кај Богданци, инвестиција од 40 милиони евра
Кај Богданци ќе се гради ветерен парк - електрана од 30 мегавати, инвестиција во вредност од над 40 милиони евра. Ќе произведува 72 гигават часови електрична енергија, доволна за снабдување на 18 илјади доамќинства, најавија надлежните. Треба да биде готова за две години.

До 2023-та година Општина Богданци добива нови ветерници. Помеѓу Стојаково и Селемли ќе се инсталираат новите шест ветерници кои ќе значат поголемо производство на електирчна енергија, односно енергетска ефикасност.
Првиот човек на Општина Богданци смета дека ваквите инвестиции водат кон подобро економско јакнење на општината.
Новата ветерна електрана ќе има инсталирана моќ од 30 мегавати, а се очекува годишно производство на 30 гигавати енергија. Инвестицијата ќе чини 40 милиони евра.
Стојне Митева
