Надзорот над разузнавачките и безбедносните служби исполитизиран

17.03.2021 16:08

Состојбите, предизвиците и препораките во однос на надзорот над разузнавачките и безбедносните служби, ставени под лупа. Оценето дека сега поставеноста е несоодвента, процесот исполитизиран, но оти има можност за напредок...

Пандемијата на коронавирусот наметна посебен вид на инсталирање на т.н. хибридни влади. Ковид- дипломатијата е новиот модел на притисок врз државите- оценува директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.

„Како разузнавачка служба ги следиме овие процеси и во држави кои се во нашето опкружување, а не се членки на НАТО. Ќе видите колку сме изложени на медиумски притисок со лажни вести. Ковид дипломатија, триумфалисти, брокји, таа држава, пријателска донела ванкции. Тие држави кои градат хибридни системи оваа ковид дипломатија ја користат за притисок. Под притисок се многу влади во овој дел“, изјави Муслиу.

Според истаржувањата на Евротинк надзорот врз безбедносните и разузнавачките служби е несоодветен на предизвиците и потребите на нашето опшество.

„Нашите наоди велат дека надзорот врз службите е исполитизиран, и во голема мера одредени членови на тие комисии да влечат кон ставовите на своите политички партии“, изјави Иван Стефановски.

Парламентарниот надзор е длабоко фрагментиран и има преклопувања меѓу параламентарните комисии задолжени за тоа- оценуваат од оваа организација.

„Јас сум противник на политизирање на безбедноста и државата. Сметам дека оној кој не се менува, не се ни подобрува. Секогаш има простор за подобрување на некои законски решенија. Нема унифицарн начин на контрола на службите, секоја држава согласно потребите си го уредува кој е најдобриот модел“, вели Љупчо Пренџов.

„Штом се комплетираме ќе отидеме во прв надзор на институциите кои согласно законот ни се доверени, и тогаш ќе можеме да ја информираме јавноста дали реформата за следење на комуникациите функционира во целост и дали се почитуваат човековите права“, изјави пратеничката Славјанка Петровска.

За пратенците од ВМРО- ДПМНЕ кои се дел од овие комисии, Законот за Агенцијата за разузнавање е донесен без дебата и не се согласуваат дека навистина се спроведуваат реформи во бебзедносните служби.

 

Марина Стојанова- Тонева