„Коха диторе“: Грција ќе го признае Косово

19.03.2014 14:19

Шефот на Канцеларијата за врски на Грција во Косово Димитрис Москопулос во интервју за приштинскиот весник „Коха Диторе“ изјави дека Грција ќе го признае Косово не затоа што го смета за регуларна држава, туку поради интерес на мирот и стабилноста во регионот.

Според  Москопулос сите земји од ЕУ треба да го признаат Косово.

Весникот наведува дека Москопулос истакнал дека Грција го сака Косово во Европската унија и дека е за тоа политички да го признаат сите земји членки на ЕУ.

- Кога велиме дека сакаме Косово да влезе во ЕУ, тоа значи дека сакаме Косово да го признаат сите земји од ЕУ. Кога тоа ќе се случи и кога ќе дојде до признавање, не знам, изјави Москопулос во интервју за весникот „Коха диторе“.