Продолжува 25-тата пленарна седница

18.03.2021 09:44

На дневен ред се и предлог на закон за изменување и дополнување на законот за Македонската банка за поддршка на развојот, како и предлог на закон за изменување и дополнување на законот за државјанството...

Собранието во рамките на 25-тата Седница ќе ја продолжи расправата по предлог- законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во град Скопје“, по скратена постапка.

На дневен ред се и предлог на закон за изменување и дополнување на законот за Македонската банка за поддршка на развојот, како и предлог на закон за изменување и дополнување на законот за државјанството, по скратена постапка, во второ читање поднесен од пратениците на Алијансна на Албанците и Алтернатива.