Законот за Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазиците пред Уставен суд

18.03.2021 10:08

Меѓу подносителите на иницијативите се Светскиот Македонски конгрес, професорката Солза Грчева, како и граѓани.

Уставниот суд на ќе одржи подготвителна седница за предметите во кои е оспорена уставноста на указот за Законот за ратификација на Договорот со Грција и законот за ратификација на конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на привремената спогодба од 1995 година, како и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.

Меѓу подносителите на иницијативите се Светскиот Македонски конгрес, професорката Солза Грчева, како и граѓани. Во однос на Законот за употреба на јазиците и указот за негово прогласување се поднесени вкупно 13 иницијативи.