МВР

23 прекршувања на забраната за движење, 455 санкции за неносење маска

18.03.2021 10:24

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата...

Од 22 часот (17.03.2021) до 05 часот (18.03.2021) констатирано е дека 23 лица не ја почитувале забраната за движење, соопшти МВР. Во текот на изминатото деноноќие пак (17/18.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 455 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид- 19.