Авганистан: Меѓународна конференција за мировниот процес
Состанокот доаѓа еден ден откако американскиот претседател Бајден предупреди дека ќе биде тешко за САД да го испочитуваат рокот утврден со договорот меѓу Вашингтон и Талибанците за повлекување на американските сили до 1 мај.

Русија е домаќин на конференција за унапредување на мировниот процес во Авганистан. Учествуваат високи делегации на Талибанците и на авганистанската влада, како и на САД, Пакистан и Кина.
Состанокот доаѓа еден ден откако американскиот претседател Бајден предупреди дека ќе биде тешко за САД да го испочитуваат рокот утврден со договорот меѓу Вашингтон и Талибанците за повлекување на американските сили до 1 мај.
Три лица загинаа, а 11 биле повредени во бомбашки напад во Авганистан во момент кога минувал автобус со владини претставници кон Кабул.
