Вакцини против Ковид-19 до крајот на месецов и почетокот на идниот

18.03.2021 11:05

Здравствените власти очекуваат поголеми количини вакцини против Ковид-19 во земјава да стасаат до крајот на месецов или на почетокот на следниот. Уверуваат дека сите вакцини што влегуваат и ќе влезат во земјава се и ќе бидат безбедни.

Здравствените власти очекуваат поголеми количини вакцини против Ковид-19 во земјава да стасаат до крајот на месецов или на почетокот на следниот. Уверуваат дека сите вакцини што влегуваат и ќе влезат во земјава се и ќе бидат безбедни.

Недостигот на вакцини, велат, се чувствува секаде и е резултат на многу поголемата побарувачка од понуда. Се очекува до почетокот на следниот месец да профункцинира и Ковакс системот преку којшто би стигнале околу 100.000 вакцини.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера потенцираше дека и вакцината „АстраЗенека“, но и буквално сите други вакцини кои влегуваат и ќе влезат во нашата земја се безбедни за граѓаните. Како што посочи, експертски тим ги следи сите известувања од националните агенции за лекови и ќе се води само според официјалните препораки.

Филипче информира дека за денеска е закажан состанок на Комитетот за безбедност на ЕМА, поточно на Европската агенција лекови, на која ќе се анализираат несканите случаи поврзани со „АстраЗенека“, за кои како што рече, се навистина малку во однос на вкупниот борј на вакцини кои што се дадени.

До почетокот на следниот месец се очекува да профункцинира Ковакс системот преку кој би стигнале околу 100.000 вакцини. Во меѓувреме се разговара и со кинеските и руските претставници за вакцините. Продолжуваат и разговорите со компанијата „Фајзер“.