Што се уверувања, зошто ни служат и како да ги менуваме

18.03.2021 11:48

Уверувањата го одредуваат нашиот живот. Оние што ни служат и не носат кон напредок и живот по наша мерка се корисни уверувања, а оние што не кочат, создаваат блокади во нашето однесување, се знак дека треба да се променат.

Нашиот живот е последица на нашите уверувања и постапките кои ги преземаме во согласност со нив. Често пати уверувањата се потсвесни, преземени од средината во која сме растеле, во која живееме, вкоренети традиционални модели на живеење, а нашите потреби се закопани длабоко под нив. Важно е да се откријат вистинските причини за нашите уверувања. Така полесно ќе знаеме зошто се однесуваме во спротивност на својата душа и зошто страдаме. Уверувањата кои сме ги увиделе, за кои сме станале свесни, полесно се менуваат.

Малото гласче што проговара во нас кога сме во својата тишина е всушност нашето уверување.

Кои се најчести уверувања и која е нивната смисла

1. „Јас знам дека е така и нема да дозволам другите да ми кажуваат!“

Смисла: Потреба да се биде во право. „Ако дозволам поинаку, тогаш јас не сум во право.“ Тоа сознание многу боли. Егото се бунтува, а уверението не заштитува од страдања.

2. „Јас верувам т.е. сакам да верувам, зошто ако не верувам во тоа што го знам, ќе мора да верувам во нешто друго.“

Смисла: Нешто друго или ново, тоа е непознато за мене, не знам како функционира. Старото го познавам, знам да се справам со него, а новите работи може да ми донесат неволја и страдање.

3. „Колку и да сум успешна, имам чувство дека нешто ми фали, а тоа го барам во другите.“

Смисла: Основа за ова е нагонот да се истражуваш себе си и да работиш на себе. Причината може да биде и чувството за пониска вредност, но не мора да значи. Малото страдање ме заштитува од поголемо страдање.

Сите уверенија имаат улога да не заштитат од надворешните влијанија.

Како да ги менуваме своите уверувања

Може да се променат со разуверување, но само ако сте свесни за нив. Ако во нешто се уверите дека не е така, вие го анулирате претходното уверување и градите ново коешто е функционално за вас. Не е нужно секогаш да биде точно-исправно, туку да ви послужи. Уверенијата можеме сами да ги менуваме, но некои длабоко вкоренети не можеме лесно да ги воочиме за да ги смениме. Потребна е желба, но и силна волја и време за нешто ново и подобро. Треба да го погледнете вашиот живот. Од што сте незадоволни, за што сметате дека може да биде подобро? Какви желби и соништа имате? Одберете еден аспект кој ви е најважен во моментов и разгледајте го од сите страни-како го гледаш сега, како се чувствуваш поради она што ти се случува, дали правиш нешто за да го промениш тоа? Запишете го сето тоа на хартија и прочитајте ги-тие се вашите уверенија. Самиот увид е причина тие да почнат да се рушат. За да се заменат треба време да поработите на тоа што сакате да го промените, да изберете нови содржини кои ќе имаат подобри резултати за вас, за бидете поуспешни на секое поле од животот.

Соња Стојановска