Како да го користиме овошјето во нашата исхрана за време на Ковид?
Дознајте зошто е потребно во секојдневната исхрана да внесуваме колку што можеме повеќе овошје.

Секојдневното консумирање на овошје ја подобрува нашата општата здравствена состојба на организмот и го штити од болести, вируси и бактерии. Дознајте зошто е потребно во секојдневната исхрана да внесуваме колку што можеме повеќе овошје.
- Консумирањето на овошја кои се богати со витамин Ц, како што е портокалот, ја зголемува заштитата од појава на конорарни болести.
- Еден портокал дневно го намалува ризикот од појава на рак на грлото и желудникот.
- Ризикот за добивање на мозочен удар се намалува доколку секој ден се јаде по 3 порции овошје.
- Бананите го намалуваат крвниот притисок, а калиумот што се содржи во нив ја регулира работата на срцето.
Важноста на овошјето не смее да се потценува ако сакаме да имаме јак имунитет и треба да знаеме како да ги сочуваме подолго. За подолго да се сочува, јаболкото најдобро е да се чуваат на студено, за да не омекнат. Во фрижидер ќе останат свежи и до неколку недели, но да се проверуваат да не се расипало некое јаболко.
Крушите не смеат да се чуваат во пластична кеса. Лимоните и портокалите до две недели можат да стојат на собна температура. Колку помалку ги чувате во фрижидер, толку повеќе се задржуваат витамините и остануваат посочни.
Бананите ќе созреат на собна температура, потоа може да се чуваат во фрижидер. Надворешноста ќе биде црна но овошјето е добро за јадење. Зрелите банани со изразена жолта боја се „овошно месо“ кое го штити срцето и влијаат на снижување на крвниот притисок и на холестеролот. Бананите го отстрануваат утринскиот замор.
Овошјето е избор на многу витамини кои имаат антиоксидентно дејство, што го забавува процесот на стареење. Секојдневно јадење на овошје му обезбедува на огранизмот доволно минерали и витамини кои се важни за нашето здравје посебно во време на пандемија.
Кате Стојановска Десковска
