Израел: Електронска нараквица за сите во карантин поради корона

18.03.2021 11:18

Врховниот суд ги укина мерките со кои се ограничува влезот и излезот на израелските граѓани од земјата...

Израелскиот Парламент усвои закон за носење електронска нараквица за секој што влегува во Израел и е во карантин поради коронавирусот.

Врховниот суд ги укина мерките со кои се ограничува влезот и излезот на израелските граѓани од земјата, оценувајќи дека ограничувањата се нелегални.