Во Македонија поинтензивно се применува законското решение за донирање орган по настаната мозочна смрт
Македонија ја подигнува свеста за значењето на донирањето органи
13.11.2013 12:37
Донирањето на органи ќе спасува животи

Еден живот згаснува но осум можат да продолжат ако и во Македонија поинтензивно се применува законското решение за донирање орган по настаната мозочна смрт.
Покрај роднинската врска, Бранкица и Лилјана заеднички делат витален орган. Пред седум години тогаш малолетната велешанка беше во животна опасност оти нејзиниот црн дроб наеднаш престана да работи. Лекарите децидни животот ќе се спаси само со трансплатација на здрав орган.
„Пред седум години од прилока мојот живот беше спасен благодарение на тетка ми и на тој начин јас денеска нормално функционмирам се вратив во живот и успешно ги остварувам моите соништа“ рече Бранкица Петковска
Имав претчуство дека јас ќе бидам донарот, вели Лилјана. Заедно со лекарите се подготвував иако се уште медицински немавме потврда. И денеска ако е потребно ќе го сторам истото.
„Да спасиш еден млад живот е хумано дело затоа што никој не знаеме кога ќе ни притреба и на нас“, рече Лилјана Барутовска,- донор
Многу човечки животи се спасени, но уште повеќе може да се спасат ако поинтензивно се применува законското решение за донирање органи по настанување на мозочна смрт.
„ Тешко кога едне живот ќе згасне но самата помисла дека еден живот може да спаси осум животи е нешто што треба да е светла точка“, рече Адријана Ѓорѓиев - „Мактрансплант“,
Засега нема пациент кој потпишал дека се согласува по својата смрт дел од неговите органи да бидат донирани .
„Значи треба свеста да се подигне да се размислува но мислам дека реакцијата на сите е позитивна“, рече др.Лилија Чолакова Дервишева, претседател на Здружение на приватни лекари.
Македонското здравство е подготвено и за најсложените трансплатициони опрации.
„Се транслатира срце, бел дроб, црн дроб, панкреас, делови од око, во последно време има обиди да се трансплатира лице значи тешки деформации на лицето“ рече проф. Д-р Нинослав Јовановски Клиниката за нефрологија.
Оваа година македонските лекари направиле 30 трансплатации, ако има повеќе донатори бројката може да биде многу поголема.
Дијана Иванова
