Заострување на односите во триаголникот Москва-Киев-Запад

19.03.2014 14:29

Велика Британија ја прекинува билатералната воена соработка со Русија, пренесува Франс Прес. Ова го изјавил министерот за надворешни работи на Велика Британија, Вилијам Хејг, веднаш откако беше потпишан договорот за влегување на Крим во составот на Русија.

„Ја прекинуваме соработката“, изјави тој, алудирајќи на договорот за техничка соработка и заеднички воени вежби меѓу Велика Британија, Франција и САД. 

Во меѓувреме, украинскиот министер за правда Павел Петренко изјавил за ИТАР-ТАСС дека загубите од национализацијата на украинскиот имот на Крим можат да се компензираат за сметка на рускиот имот во Украина и во странство.

„Што се однесува до изјавите за национализација на државната сопственост на Крим и природните ресурси во Црното море, официјално изјавуваме дека Украина го остава за себе правото да преземе адекватни мерки за компензирање на тие загуби преку национализација на имотот на Русија во Украина и во странство. Тоа ќе го направиме според меѓународните и националните законодавства“, нагласил Петренко за руската агенција.

Петренко прецизирал дека  дека „рускиот Газпром поседува голем број објекти на територијата на Европа“.

Зоран Богатинов