Битиќи: Февруарската плата ќе биде исплатена

18.03.2021 13:15

На работниците ќе им биде исплатена февруарската плата, уверува вицепремиерот за економски прашања Битиќи. Очекува, следната недела во Собранието да бидат изгласани законите.

Граѓаните и стопанствениците ќе ја добијат финансиската поддршка. На работниците ќе им биде исплатена февруарската плата, уверува вицепремиерот за економски прашања Битиќи. Очекува, следната недела во Собранието да бидат изгласани законите.

Според него, треба да се работи и натаму на нови законски решенија, нови мерки и заеднички политики. Притоа, треба да бидеме паметни како да го намалиме јазот меѓу сиромашните и богатите, а даночната политика не е секогаш единствениот рецепт.

На економскиот форум во организација на „Фајнанс тинк“ беше посочено дека извозните компании имаат потенцијал да инвестираат и да влијаат во подобрување на постковид економијата. Според податоците, извозот во јануари со позитивен сигнал.