Европа

Британскиот сој го потисна изворниот вирус

18.03.2021 13:46

Експертите предупредуваат дека не е добар таквиот развој на ситуацијата. Истакнуваат дека е особено опасно за невакцинираните лица над 50-годишна возраст.

Британскиот сој на коронавирусот е домаинантен во Германија, каде што во 72 насто од случаите претставува причина за актуелните заболувања. Експертите предупредуваат дека не е добар таквиот развој на ситуацијата. Истакнуваат дека е особено опасно за невакцинираните лица над 50-годишна возраст.

Во меѓувреме земјата ги чека резултатите од проверките на руската вакцина „Спутник В“. Германскиот министер за надворешни работи истакна дека дека испораката на вакцини „ќе се зголеми во следните месеци“, откако Европската унија беше критикувана за бавниот почеток на нивната програма за вакцинирање.

За Спутник важат истите правила како и за другите вакцини. Ги очекуваме резултатите од проверките. Обемот на испораки на вакцини ќе се зголеми во наредните месеци, така што претпоставуваме дека во април и мај ќе имаме доволно дози нарачани преку Европската унија“, изјави Хаjко Масгермански министер за надворешни работи.

Некои земји ја суспендираа употребата на вакцината „АстраЗенека“, додека регулаторите на ЕУ и Светската здравствена организација испитуваат дали производот има потенцијал да предизвика згрутчување на крвта кај примателите.

Литванија пак соопшти дека нема да ја користи руската вакцина во исчекување на одлуката на Европската агенција за лекови за употребата на вакцината „АстраЗенека“.

„Литванија нема намера да ја купи вакцината Спутник. Нашата доверба ја положуваме во вакцините тестирани и произведени од западните компании кои одговараат на евроатлантските критериуми“, изјави Габриелус Ландсберис, министер за надворешни работи на Литванија.

БугаријаОд 22-ри март строги рестриктивни мерки

Од 22-ри март Бугарија воведува строги рестиктивни мерки. Запрени се посетите на рестораните, кои ќе работат на принцип на испорака. Градинките престануваат да работат. Суспендирани се посетите на казината, на сите комерцијални страници кои нудат непрехранбени производи со нето површина од над 300 квадратни метри, освен за прехранбени производи.

Прекинати се посетите на трговските центри. Продолжуваат со работа само аптеките, оптичарите, продавниците за миленичиња, хемиските средства за чистење и банките.

Марина Ристова