Извозните компании се потенцијалот на пост- ковид економијата

18.03.2021 15:07

Граѓаните и стопанствениците ќе ја добијат финансиската поддршка. На работниците ќе им биде исплатена февруарската плата, уверува вицепремиерот за економски прашања Битиќи. Очекува, следната недела во Собранието да бидат изгласани законите. На форум „Економијат ана крстопат“, беше посочено дека извозните компании имаат потенцијал да инвестираат и да влијаатво подобрување на постковид економијата...

Февруарската плата ќе биде исплатена, уверува вицепремиерот за економски прашања Битиќи. Посочува дека граѓаните и бизнисот ќе ја добијат финансиската поддршка. Очекува следната недела во Собранието да бидат изгласани економските закони, со кои се опфатени мерки од петтиот и дел од четвртиот пакет. Битиќи вели, дека тие се основа за инвестициски активности кои треба да ја подобрат ликвидноста на компаниите.

На економскиот форум „Економијата на крстопат“ посочено дека извозните компании се потенцијалот на постковид економијата. Според анализите извозно ориентираните компании треба да бидат мотор на развојот и да инвестираат во технологијата .

Иновативната соработка треба да биде клучна во наредниот перио, вели амбасадорката на Обединетото Кралство во земјава, Галовеј.

Според надлежните, оптимистички се податоците за извозот во јануари кој е за 15,4 отсто поголем, во однос на истиот месец лани, кој се сметаше за еден од најуспешните месеци за последните години.

 

Дијана Ценевска