Се помалку надеж: Пилотот на исчезнатиот авион ги избришал податоците од симулаторот за летање
Исчезнатиот авион на компанијата Malaysia Airlines најверојатно се наоѓа во јужниот предел на подрачјето кое моментално се пребарува, а кое се простира длабоко во Индискиот океан, изјавил за CNN службеник на американската влада...

Малезискиот министер за сообраќај на конференцијата пред новинарите утринава изјавил дека на симулаторот сега работат форензичари кои се обидуваат да ги повратат избришаните податоци.
Исчезнатиот авион на компанијата Malaysia Airlines најверојатно се наоѓа во јужниот предел на подрачјето кое моментално се пребарува, а кое се простира длабоко во Индискиот океан, изјавил за CNN службеник на американската влада.
„Станува збор за зона надвор од регуларните линии на пловидба и надвор од стандардните патишта за летање. На тоа подрачје нема ни острови. Потрагата би можела да трае со седмици", изјавил тој.
Министерот за сообраќај Хусеин информирал дека малезиските власти добиле повратни информации од сите земји од кои имало патници на летот, освен од Украина и Русија. Истакнал дека не биле откриени никакви значајни информации за истрагата.
И додека потрагата се уште не дава никакви резултати, семејствата на исчезнатите патници полека го губат трпението бидејќи не добиваат никакви информации. Веќе 12 дена нема никаква трага од авионот, што значи дека има уште само 18 дена пред да се потроши батеријата на црната кутија.
