14 години Демократскиот сојуз на политичката сцена
Демократскиот сојуз одбележува 14 години од постоењето на македонската политичка сцена, како самостојна политичка партија со автентични политички ставови.
Македонија да биде дел од Европската унија и НАТО и респектиран субјект на меѓународната сцена, е основната политичка определба на ДС, во која над 28 илјади членови, ја потврдуваат посебноста, препознатливоста и истрајноста на основните определби.

Како дел од власта ДС е подготвен да преземе дел од одговорноста за вкупните состојби. ДС не бега ниту од обврските, ниту пак, се колеба со свои идеи, предлози, проекти, да влијае во носењето на клучните одлуки битни за иднината на Република Македонија. ДС е демократска политичка партија и отворена за нови идеи и кадри, стои во соопштението од партијата.
На денешен ден, пред точно 14 години во новиот објект на Македонскиот народен театар во Скопје, се одржа Основачкото собрание на Демократскиот сојуз и се поставени основните принципи на дејствувањето на партијата.