КОВИД-19
Париз се затвора на еден месец
19.03.2021 10:51
Во сила останува полицискиот час, но наместо од 18, сега ќе почнува од 19 часот. Училиштата ќе работат, а спортувањето на отворено ќе биде дозволено во радиус од 10 километри од домот.

Поради влошена епидемиолошка состојба, Париз се затвора на еден месец. Во сила останува полицискиот час, но наместо од 18, сега ќе почнува од 19 часот. Училиштата ќе работат, а спортувањето на отворено ќе биде дозволено во радиус од 10 километри од домот.
Забрането е патување во други делови од земјата доколку не е неопходно. Одделите за интензивна нега во главниот град на Франција се исполнети.
Во Германија доминантна британската мутација на коронавирусот. Здравствените власти предупредуваат дека за велигденските празници веројатно ќе се влоши ситуацијата.
